Кои сме ние
Home » Кои сме ние

За нас

Здружението на професионалните физиотерапевти на Република Македонија е независна и непрофитна асоцијација која ги обединува сите физиотерапевти на територијата на Република С. Македонија, без оглед на националната припадност и политичкото убедување и има свое седиште во градот Скопје.

Здружението е основано на ден 06.10.2009 година, врз основа на Законот за здруженија на граѓани и фондации (Сл. Весник на РМ бр. 31/98 и 29/07).

Седиште
Здружение на Професионални Физиотерапевти на Р.Македонија
Ул. Елисеј Поповски 28, 1000 Скопје, Република С.Македонија

Жиро сметка на Здружението:
Комерцијална Банка АД Скопје
ЖИРТ – 300000002997336
1000 Скопје, Република С.Македонија

Даночен број: 4080009506738

Е-пошта: zpftm@gmail.com

Стани наш член
nie
unnamed

Кои се нашите цели?

  • воспоставување на физиотерапевтската служба и стручноста во дејноста,

  • застапување на професијата физиотерапевт на Република Македонија и координирање на
    активностите на сите членови,

  • афирмација на службата и професијата и во други земји од светот,

  • соработката со институциите од државата,

  • учество во изработка на законски решенија кои ги засегаат физиотерапевтите и службата на
    физикална медицина и рехабилитација,

  • организирање на стручни собири, предавања, дебати, трибини,

  • обезбедување стручни материјали и информации од областа на физикална медицина и
    рехабилитација,

  • учество во проекти од областа на здравството, социјалата и образованието,

  • соработка со слични организации и здруженија од земјата и странство,

  • грижа за членовите, нивните социјални и професионални интереси.

Што е физиотерапевт?

Физиотерапевтот е здравствен работник со стекнатo стручно образование кој е оспособен да користи различни облици и методи на физикална медицина и рехабилитација со цел превенција, лекување и рехабилитација на различни заболувања и повреди.

Физиотерапевтот работи со пациенти од сите возрасти во болнички или вонболнички услови, со цел подобрување на нивната функционалност, мобилност, намалување на болката и рехабилитација / рехабилитација на нивните физички способности.

Соработка

Здружението на професионалните физиотерапевти на Република Македонија соработува со здруженијата и телата од регионот и светот:


Со цел да имаме партнери со кои активно ќе учествуваме и разменуваме нашите идеи и доживувања по однос на физиотерапијата, нашето здружение има склучено меморандум за соработка со Здружението на физиотерапевтите на Република Србија, како и Здружението на физиотерапевтите на Босна и Херцеговина и Здружението на физиотерапевтите од Црна Гора.


Нашето здружение е членувано или има активно членство во физиотерапијата од што имаме бенефит, преку разни проекти и обуки, соработка со здруженијата во регионот и светот, како и можност за активно учество во светските конгреси, како што е Европскиот регион на Светската конфедерација на физиотерапевти - European Region of World Confederation for Physical Therapy (ER-WCPT) и Мобилитет предизвик - Mobility Challenge, со одобрение од телата на ЗПФТ.


Неодамна, во месецот септември оваа година, на овој начин, преку соработка, ќе организираме настан со кој ќе го подигнеме нивото на свесност за физиотерапијата, не само во регионот туку и пошироко.