Прв конгрес на лица со посебни потреби
Home » Семинари и конгреси  »  Прв конгрес на лица со посебни потреби

На покана на Претседателката на Здружението „Дајте ни Крилја“, Ребека Јанковска-Ристески, Ве покануваме на Првиот меѓународен Конгрес на лица со посебни потреби.

Конгресот ќе започне на 13-ти октомври во хотелот Александар Палас во Скопје, заедно со Педијатриската школа. На 14-ти и 15-ти октомври (петок и сабота), Конгресот продолжува во Конгресниот центар на Скопски Саем со научни предавања и најразлични области со домашни и страни предавачи. Паралелно со научните предавања, во Конгресниот центар на Скопски Саем, ќе се одвиваат и неколку работилници.  Како последна манифестација, на 16-ти октомври (недела), во Дом на АРМ по трет пат ќе се одржи Балот на различности.  На балот ќе настапат музичари, актери, водители од земјава и странство, каде во секој сегмент се вклучени и лица со посебни потреби. 

Здружението на Професионални Физиотерапевти на Македонија е партнер на Првиот Меѓународен Конгрес на лица со посебни потреби, и нашата соработка продолжува за доброто на нашите пациенти.

Сите информации можете да ги најдете на страната на Здружението Дајте ни Крилја: http://www.dajtenikrilja.mk/ 

 Програма (2.65MB)

ВЕ ЧЕКАМЕ

 

А ЗОШТО ДА НЕ СМЕ РАЗЛИЧНИ?

ДА ГИ СПОИМЕ НАШИТЕ СВЕТОВИ!