Кои се нашите цели?
Home » Uncategorized  »  Кои се нашите цели?

Кои се нашите цели?

 

  • вообличување на физиотерапевтските ставови и претставување во јавностa,
  • организирање на физиотерапевтите на територијата на Република Македонија и координирање на активностите од образовната сфера,
  • обезбедување на услови за публикување на трудови на своите членови,
  • унапредување на струката во соработка со други организации и асоцијации и ширење на физиотерапевтското влијание,
  • заштита на името и дејноста на профилот «физиотерапевт»,
  • континуирана едукација на своето членство на полето на физиотерапијата,
  • соработка со Светската конфедерација за физикална терапија,
  • тесна соработка со државните органи и институции, здравствени организации и здруженија од земјата и од странство, при реализација на своите цели.
  • Професионалното согледување на реалните потреби гарантира посебен пристап во струката. Повикувајќи се на старите искуства и знаења, одржливиот позитивен хронолошки развој на работите го чини Здружението силно и насочено исклучително кон својата професија.