Членство
Home » Uncategorized  »  Членство

Како да станете член

Редовен член е секој здравствен работник, државјанин на Република Македонија кој има стручна квалификација од областа на физиотерапијата.

Студентите по физиотерапија исто така можат да бидат членови и плаќаат ½ од вкупната редовна членарина.

Со пополнување на пристапницата за членство во ЗПФТ, се потврдува припадноста кому му се дава можност за делување во рамките на Здружението.

Прагматичното соочување со предизвиците е чекор напред во реализација на целите и замислите кои произлегуваат од веќе дефинираните примарни цели и активности.

За сите активности: курсеви, работилници, стручни предавања и други видови на организирање, членовите имат предност во однос на останатите.

Пристапницата можете да ја пополните онлајн или да ја испечатите и пратите на нашата адреса која е на пристапницата како и на нашата e-mail адреса: zpftrm@gmail.com.

Преземи пристапница